Лидерите на ЕУ се залагаат за итна примена на засилувачките дози

пред 2 години

Лидерите на ЕУ на состанокот на Советот на Европа во Брисел заклучија дека употребата на засилувачките дози е итна и е важна за борбата против коронавирусот.

Во заклучоците од самитот се наведува и важноста од координирање на активностите за да се осигура дека ковид-сертификатите ќе продолжат да гарантираат непречено патување.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, нагласи дека се очекува од средната на јануари сојот омикрон да биде доминантна варијанта на коронавирусот во рамките на ЕУ.

Share
Scroll to Top