Лиз Трас: Има доказ дека Путин е „воен злосторник“

пред 3 години

Министерката за надворешни работи на Велика Британија Лиз Трас денеска изјави дека има „многу силни докази“ дека рускиот претседател Владимир Путин е „воен злосторник“.

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера го нарече рускиот претседател „воен злосторник“, а Трас за радио Би-Би-Си изјави дека не мисли дека тоа е грешка.

„Постојат многу, многу силни докази дека се извршени воени злосторства и дека Владимир Путин стои зад нив“, изјави шефот на британската дипломатија.

Share
Scroll to Top