Државните институции во Литванија се погодени од хакерски напади од озлогласената руска група „Килнет“, јавуваат светските агенции.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Хакерите по падот на сајтовите на институциите на оваа балтичка земја, ја презеле одговорноста и изјавиле дека нападот е одговор на тоа што Литванија го блокирала преносот на руски стоки преку нејзината територија до руската енклава Калининград, пишуваат медиумите.
Анализираат дека Калининград е поврзан со остатокот од Русија со железница која минува низ територијата на Литванија.
Центарот за национална безбедност во таа балтичка земја очекува уште поинтензивни напади во наредниот период.
BREAKING: Russian hacking group Killnet launches a cyberattack against Lithuania’s state and private institutions
— Samuel Ramani (@SamRamani2) June 27, 2022
„Многу е веројатно нападите со сличен или поголем интензитет да продолжат и во наредните денови, особено во транспортниот, енергетскиот и финансискиот сектор“, се вели во соопштението на центарот.
Хакерската група „Килнет“ соопштила дека ќе продолжи со нападите доколку не се промени состојбата со транспортот на стокаи, пренесува Sky News.
Освен на боиштата, според медиумите, руско-украинската војна се води и на сајбер просторот. Според написите, хакерите на групата „Анонимуси“ застанале на украинската страна, додека руските хакери се насочени кон спротивставени држави, воени и приватни институции.