Маж од Украина го изгубил целото семејство во руските напади – преживеале само тој и мачката

пред 2 години

Украинското Министерство за надворешни работи на својот Твитер профил објави фотографии и информации за маж кој наводно го загубил целото семејство во руски напад.

– Овој човек и неговото семејство побегнале од Киев за да бидат безбедни. Но, во селото Мархаливка, каде што побегнале, ракета ја погодила куќата во која бил тој со 11 членови на семејството. Таму беа неговите внуци, сопруга, ќерка, сестра… – напиша украинското Министерство.

Share
Scroll to Top