Човекот којшто го уби наставникот затоа што им покажал на студентите карикатурите на пророкот Мухамед „гаѓал“ на слободата на изразување, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
„Еден граѓанин беше убиен затоа што бил учител и затоа што предавал слобода на изразување“, рече Макрон во близина на училиштето во предградието на Париз, кадешто беше убиен професорот. Макрон го карактеризираше нападот како исламистички тероризам.
„Целата земја стои зад своите учители. Терористите нема да ја поделат Франција, темнината нема да победи”, рече тој.
Човекот којшто вчера беше убиен од напаѓач во предградијата на Париз, бил предавач во средно училиште и на час им покажувал на децата карикатури на пророкот Мухамед, објави претходно Ројтерс.
Полицијата го уби напаѓачот, а француските медиуми објавија дека осомничен е 18-годишен Чеченец, роден во Москва. Таа информација не можеше да се потврди веднаш, пренесува АП.
Низа насилни напади од исламистички екстремисти беа пријавени во Франција во последните неколку години.