Макрон: Ќе бидат потребни децении за Украина да влезе во ЕУ

пред 2 години

Ќе бидат потребни децении за Украина да биде примена во Европската Унија, изјави францускиот лидер Емануел Макрон.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Говорејќи во парламентот на ЕУ во Стразбур, тој посочи дека Украина би можела да се приклучи на паралелната европска заедница додека ја чека одлуката, пренесува Би-Би-Си.

Тоа ќе им овозможи на членките кои не се членки на ЕУ да се приклучат на европската безбедносна архитектура на други начини, рече Макрон.

Украина го започна процесот на аплицирање за приклучување кон блокот во февруари оваа година, четири дена по руската инвазија.
„Сите знаеме дека процесот Украина да се приклучи кон ЕУ, навистина ќе потрае неколку години, веројатно неколку децении“, рече Макрон.

„Тоа е вистина, освен ако не одлучиме да ги намалиме стандардите за пристапување. И повторно да размислиме за единството на нашата Европа“.

Макрон посочи дека наместо да се суспендираат строгите критериуми за членство во ЕУ, треба да се размислува за паралелна европска заедница за да се забрза апликацијата на Украина.

Тој рече дека тоа ќе биде начин на закотвување на земјите кои географски се во Европа и кои ги споделуваат европските вредности.

Неговите коментари, како што анализираат медиумите, дојдоа веднаш откако претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен објави дека највисокото тело на ЕУ ќе го објави своето првично мислење за кандидатурата на Украина за членство во јуни.

Претставници на Киев денеска потврдија дека Украина го доставила вториот дел од својата апликација за членство во ЕУ до Брисел.

Медиумите пишуваат дека украинскиот претседател Володимир Зеленски предложи ЕУ да користи специјална процедура за да и даде на Украина итно членство во блокот, но тоа не се случи.

Share
Scroll to Top