Мајката на обвинетиот за убиството на Шинзо Абе била член на секта, семејството банкротирало поради неа

пред 2 години

Мајката на човекот обвинет за убиството на поранешниот јапонски премиер Шинзо Абе била член на секта на Месечината, потврдила организацијата, а обвинетиот кажал дека тој сака да и се одмазди.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тесуја Јамагами (41) сакал да се одмазди на една организација и решил да го убие Абе затоа што мислел дека поранешниот премиер има врска со неа, соопшти во петокот јапонската полиција, пренесуваат светските медиуми.

Јапонските медиуми јавија за верската организација без да ја именуваат и потврдиле дека осомничениот Јамагами сакал да и се одмазди поради тоа што наводно нивното семејство се соочило со големи финансиски тешкотии.

„Мајката на осомничениот Тесуја Јамагами е член на нашата организација и учествува на црковни настани околу еднаш месечно“, изјавил Томихиро Танака, претседател на јапонскиот огранок на Црквата на обединување, во Токио, пренесуваат медиумите.

Тој истакнал дека неговата организација е згрозена од убиството на Абе, кој никогаш не бил нивни член или советник.

Жената се приклучила на црквата во 1998 година и организацијата дознала дека таа западнала во сериозни финансиски тешкотии околу 2002 година, појаснил Танака, додавајќи дека не ги знаат околностите кои довеле до банкрот на семејството, според тамошните медиуми.

Абе им подлегна на прострелните рани во петокот, откако врз него беше извршен напад додека зборуваше на предизборен митинг во Нара, западна Јапонија.

Share
Scroll to Top