Меланија Трамп: Срамота е што сум цел на валкани озборувања

пред 4 години

Првата дама на САД, Меланија Трамп, изјави дека е разочарана и обесхрабрена поради немирите во Капитол минатата недела, а потоа додаде дека е срамота што од тогаш е цел на валкани озборувања и лични напади.

Меланија Трамп рече дека „ова време е исклучиво за лечење на нашата земја“ и дека не треба да се користи за лична корист, пренесува „Скај њуз“.

Сопругата на Доналд Трамп во изјавата рече дека нејзиното срце е со оние кои беа убиени кога демонстрантите упаднаа во Капитол, додавајќи дека е разочарана и обесхрабрена од она што се случи минатата недела.

„Срамота е што околу овие трагични настани кружат валкани озборувања, неоправдани лични напади и лажни обвинувања за мене – од луѓе кои сакаат да бидат релевантни“, рече првата дама.

Таа додаде дека „ова време се однесува само на лечење на нашата земја и нејзините граѓани“.

„Не треба да се користи за лична корист“, заклучи првата дама.

Нејасно е на кои лични напади се повикува сопругата на Доналд Трамп, кој наскоро ќе ја напушти позицијата претседател на САД.

Медиумот потсетува дека поранешната пријателка и советничка Стефани Винстон Волкоф ја критикуваше првата дама поради молчењето и неактивноста по немирите.

Волкоф, која напиша книга за нејзиното пријателство со Меланија Трамп, исто така во една статија за „Дејли бист“ напиша дека на претседателот и првата дама им недостасува карактер и дека немаат морален компас.

Share
Scroll to Top