Најмалку 84 лица загинаа откако цистерна со гориво експлодира во предградие на главниот град на Сиера Леоне, Фритаун.
Експлозијата се случи во петокот кога цистерната се судрила со камион.
„Експлозијата која уследи по судирот на цистерната со камионот ги однесе животите на голем број луѓе кои побрзаа да го наполнат горивото што течеше од испуканиот резервоар“, напиша градоначалничката на својот Фејсбук профил.
Citizens video of fire incident at SLPMB #Freetown #SierraLeone #Salonetwitter pic.twitter.com/3bFCagfbKN
— SIERRAEYESALONE (@sierraeyesalone) November 5, 2021
Мохамед Ламран Бах, директор за комуникации на Националната агенција за управување со катастрофи на Сиера Леоне, за Си-Ен-Ен изјави дека неколку луѓе се во критична состојба по експлозијата.
Властите ги префрлиле повредените во болница.