Нападот со нож во Вирцбург е со исламистички мотив

пред 3 години

Нападот со нож во германскиот град Вирцбург, во кој беа убиени три лица, а седуммина тешко ранети, веројатно е исламистички мотивиран, објави обвинителството.

„Многу е веројатно дека нападот бил мотивиран од исламизам“, истакнаа од Обвинителството во Минхен во заедничката изјава со баварската полиција.

Напаѓачот двапати извикувал „Алах Акбар“ (Бог е голем), што е фраза која најчесто се поврзува со исламистички милитанти.

Сите жртви, кои беа брутално убиени се жени, објави „Дојче веле“.

Нападот се случи на 25 јуни.

Share
Scroll to Top