На 120 години, почина најстариот жител на светот – Кејн Танака преживеала две светски војни

пред 3 години

Јапонката Кејн Танака, која беше прогласена за најстариот жител на светот во 2019 година, почина на 120-годишна возраст, пренесува NHK.

Кејн Танака е родена во 1903 година. Таа преживеала две светски војни и владеење на пет јапонски императори, почнувајќи од реформистот Меиџи, кој ја трансформираше Јапонија од феудализам во модерна империја, до неговиот правнук, сегашниот император Нарухито.

Танака живеела во дом за стари лица во јапонската префектура Фукуока и во јануари го прославила својот 119-ти роденден. Најмногу сакала газирани пијалоци и чоколадо.

Во март 2019 година, таа беше запишана во Гинисовата книга на рекорди како најстар жител на планетата.

Share
Scroll to Top