Нема преживени патници од авионот кој падна во Сибир

пред 3 години

При падот на товарниот авион Ан-12 на белоруската компанија „Гродно“ во областа на Иркутск во Русија, нема преживеани, а досега се пронајдени остатоци од пет тела.

„Сите во авионот загинаа. Досега се пронајдени пет тела. Потрагата продолжува“, изјави извор од агенцијата за итни случаи.

Агенцијата „Спутник“ претходно пренесе дека авионот исчезнал од радарите, а во него имало осум лица.

Share
Scroll to Top