Нови снимки – Огромен руски воен конвој се доближува до Киев

пред 2 години

Нови сателитски снимки од Максар покажуваат огромен руски воен конвој на пат кон Киев.

Конвојот, кој, според Максар, е долг повеќе од 64 километри, се движи кон главниот град на Украина од северозапад.

Си-Ен-Ен пишува дека конвојот, кој вклучува стотици тенкови, ракетна артилерија, оклопни и логистички возила, пристигнал од Белорусија, каде Русија со недели ги собирала своите сили пред инвазијата на Украина.

Претходно се шпекулираше дека конвојот е долг околу 27 километри, но сега се покажа дека станува збор за воен конвој повеќе од двојно подолг.

Должината на конвојот сведочи и за количеството воена сила што Русите ја собраа во обид да го заземат Киев, но и за белоруската поддршка за инвазијата на Украина.

Share
Scroll to Top