Израелските медиуми ги објавија имињата на заложниците, кои вечерва беа ослободени од заробеништво во Газа.
Во соопштението на израелските одбранбени сили се вели дека ослободените заложници сега се на израелска територија и се придружувани од специјалните сили по извршената првична медицинска проценка.
Ослободени се 67-годишната Шошан Харан, нејзината ќерка, 38-годишната Ади Шохам и децата на Ади Јахел на возраст од 3 години и Наве на 8 години, 53-годишната Шири Вајс и нејзината ќерка Нога Вајс на 18 години, 21-годишната Маја Регев, 12-годишната Хила Ротем, Ноам Ор на 17 години и Алма Ор на 13, 12-годишната Ноам Авигдори и нејзината мајка Шерон Авигдори на 52 години.
Меѓу ослободените е и Емили Ханд, деветгодишно девојче со ирско-израелско потекло, за кое се веруваше дека е убиено во првиот напад на Хамас, објави Тајмс оф Израел.
Текстот Објавени имињата на ослободените израелски заложници, меѓу нив и 9-годишното девојче за кое се мислеше дека е убиено е превземен од МАКФАКС.