Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави денеска дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Португалија, тој ќе предложи блокот да ги прифати сите вакцини што се покажаа безбедни и ефикасни и да ги искористи за забрзување на вакцинацијата низ целиот континент.
Унгарија е единствената земја на ЕУ што одобрила и применувала руски и кинески вакцини во големи количини, без Европската агенција за лекови да ги разгледа или одобри, наведува „Ројтерс“.
Тоа и овозможи на Унгарија да достигне една од највисоките стапки на вакцинација во ЕУ.