Парламентот и го плаќал станот, поради ова претседателката на норвешкиот парламент поднесе оставка

пред 3 години

Претседателката на норвешкиот парламент Ева Кристин Хансен поднесе оставка откако беше откриено дека парламентот ѝ го плаќал станот во Осло иако таа со години има куќа со сопругот во близина на главниот град.

Хансен во изјава за норвешка телевизија вели дека е неодржливо парламентот да има претседател кој е под истрага на полицијата.

48-годишната политичарка се најде под лупа откако беше откриено дека можеби има пратенички стан на располагање во главниот град, иако има куќа во близина на Осло.

Сепак, таа е пријавена дека живее во Тромсо, поради што има право на стан во главниот град.

Хансен вели дека погрешно ги протолкувала правилата, што изгледа им се случило на уште неколку норвешки политичари, наведуваат агенциите.

Анализираат дека во септември, министерот за семејство Кјел Инголф Ропстад поднел оставка откако дознал дека е регистриран на адреса кај неговите родители иако живее со семејството во Осло.

Во четвртокот обвинителството објави дека уште шест пратеници се под истрага за слични проблеми со престојот.

Share
Scroll to Top