Песков: Воената операција во Украина ќе продолжи додека не се постигнат сите нејзини цели

пред 2 години

Русија ќе продолжи со воената операција во Украина додека не се постигнат сите нејзини цели, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Една од главните цели на операцијата е да се заштитат луѓето во ДНР и ЛНР. Преземени се мерки за да се обезбеди нивна заштита и да се постигнат одредени резултати“, рече Песков, мислејќи на двата самопрогласени региони во Украина поддржани од Русија, известува Ројтерс.

Тој исто така рече дека нема договор за датумот на евентуален референдум во Донбас и другите региони на Украина под контрола на руските војници.

„Не, сè уште нема договор за временската рамка“, рече Песков, одговарајќи на прашањето за ставот на Кремљ за тоа кога би можело да се одржат референдуми за прием на овие територии во Русија, пренесе Тас.

Share
Scroll to Top