На лидерот на Австриската народна партија (ОВП), Себастијан Курц, драстично ќе му биде намалена платата откако поднесе оставка од функцијата канцелар.
Како канцелар, Курц примал месечна плата од 22.618 евра, 14 пати годишно.
Со преселбата во собраниските клупи, како пратеник месечно ќе добива „само“ 9.228 евра бруто.
Бидејќи ќе ја преземе функцијата шеф на парламентарниот клуб, неговиот месечен приход ќе изнесува вкупно 15.380 евра бруто.
Така во неговиот паричник ќе има минус од 7.238 евра месечно.
Инаку, тој ќе мора да издвои 3,5 отсто од својот приход за касата на парламентарниот клубот.