Пожар во Ковид болницата во Солун – едно лице загина

пред 3 години

Во Ковид болницата во Солун утринава избувна пожар при што едно лице загина.

Противпожарната служба соопшти дека телото на повредениот е пронајдено на вториот кат во болницата Папаниколау.

Не е познато што го предизвикало пожарот, а на видеото од таа локација се гледа како густ црн чад избива низ два прозорци на долниот кат од зградата.

Со пожарот се бореа 30 пожарникари со 11 противпожарни возила.

Share
Scroll to Top