Позната бразилска пејачка загина во авионска несреќа на 26 години

пред 3 години

Познатата бразилска пејачка Марилија Мендонка загина во авионска несреќа во петокот.

Мендонка (26), мајка на едногодишен син, во моментот на несреќата патувала на концерт. Авионот се урнал во рурална област во државата Минас Жераис. Во несреќата покрај пејачката загинаа уште четири лица.

Се’ уште не е позната причината за несреќата. Во тек е истрага, пишува „Си-ен-ен“.

Шефот на полицијата во Минас Жераис, Иван Лопес Салес, на прес-конференција изјави дека се уште е рано да се утврди причината за несреќата, но дека остатоците укажуваат на тоа дека авионот удрил во нешто пред да се урне.

Мендонка стекна слава во бразилскиот кантри стил „Сертанехо“ и имаше повеќе од 38 милиони следбеници на Инстаграм.

Share
Scroll to Top