Поповиќ: Вакцината „спутник В“ е безбедна и за највозрасните

пред 4 години

Вакцината „спутник В“ може да ја примат и најстарите граѓани, изјави српскиот министер без ресор Ненад Поповиќ за РТС.

Тој вели дека вакцината е безбедна и може да ја примат сите граѓани на возраст над 18 години, вклучително и оние над 60 години.

„Вакцината ‘спутник В’ е безбедна за сите граѓани постари од 18 години, вклучително и оние над 60 години“, истакна Поповиќ кој вчера имаше состаноци со претставници на Министерството за здравство на Русија во Москва.

Тој наведува дека на состанокот, на кој присуствувале експерти од институтот „Гамалеј“, ги добиле сите појаснувања, сите официјални писма и документација со кои се потврдува дека вакцината е безбедна и може да се користи веднаш.

Поповиќ рече дека оние кои пројавиле интерес за оваа вакцина, а припаѓаат на најстарата популација, од денес ќе добијат повик за вакцинирање.

Share
Scroll to Top