Бидејќи глумел дека е на боледување и наместо да седи дома одел по кафулиња, жител на место во близина на Линц, Австрија, треба да му плати на работодавачот околу 8.000 евра.
Имено, работодавачот, бидејќи му било сомнително дека неговиот вработен често бил на боледување, ангажирал детективи да го следат.
Веќе на првиот ден од надзорот, детективите го виделе 20-годишникот дека наместо да лежи болен дома, пошол во кафуле со пријатели и се вратил во својот дом во раните утрински часови.
За да бидат сигурни, детективите го следеле уште два дена и откриле дека тој излегувал и во тие денови.
Поради ова откритие, момчето добило отказ, а покрај тоа, неговиот работодавач го туже за надомест на трошоците за ангажирање на детектив во износ од 7.983 евра.
Случајот стигнал до Високиот суд, кој дошол до заклучок дека работодавачот има право да бара надомест на трошоците.
Како образложение, правните експерти наведуваат дека работодавачот има право на надомест на штета бидејќи работникот дал причина за сомнеж поради бројните отсуства од работа.