Поради обилните врнежи во Виена до некои згради може да се стигне само со брод

Поради обилните врнежи во Виена до некои згради може да се стигне само со брод

пред 2 години

Во Австрија, која е зафатена од обилните дождови што циклонот Борис ги донесе во Централна и Источна Европа, најтешка е состојбата со поплави во провинцијата Долна Австрија, која во неделата беше прогласена за зона на катастрофа.

Поради обилните врнежи, сообраќајот во Виена денеска е делумно во прекин, училиштата се во вонредна состојба, многу улици се затворени, а до некои згради може да се стигне само со брод, јавуваат австриските медиуми.

Весникот „Хојте“ пишува дека јавниот превоз е во застој, а метрото е делумно затворено поради дефекти од поплави предизвикани од обилните дождови.

Текстот Поради обилните врнежи во Виена до некои згради може да се стигне само со брод е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top