Поранешниот туниски претседател Марзуки го осуди државниот удар

пред 3 години

Поранешниот туниски претседател, Монсеф Марзуки, го осуди распуштањето на владата и суспендирањето на Парламентот од страна на претседателот на земјата Кајс Саид, нарекувајќи го пуч, пренесува „Анадолија“.

„Саид го прекрши Уставот на кој се заколна и си ги даде себеси сите овластувања. Саид се смета себеси за шеф на извршната власт и прв судија. Ако пучот успее, економските и здравствените услови [на земјата] уште повеќе ќе се влошат “, предупреди Марзуки во видеопораката објавена на Фејсбук, нарекувајќи го Саид „најголемиот проблем за Тунис“.

Во својот вчерашен говор, Саид рече дека ќе го укине имунитетот на сите пратеници и дека ќе ја преземе улогата на јавен обвинител, појаснувајќи дека ја донел оваа одлука по консултации со премиерот Хичем Мечичи и со претседателот на парламентот, Рашед Гануши.

 

Share
Scroll to Top