Потврден нов сој на коронавирус – делтакрон се шири низ Европа

пред 2 години

Делтакрон официјално стана нова варијанта на Ковид, со потврдени случаи во Франција и САД.

Станува збор за комбинирани мутации на коронавирусот од соевите омикрон и делта, а една лабораторија во Кипар на почетокот на годинава веќе го истражуваше овој вид.

Сега, виролозите од Институтот „Пастер“ во Париз го секвенционираа геномот на видот делтакрон.

Случаите се потврдени во неколку региони на Франција, каде сојот циркулира најверојатно од почетокот на јануари, додава „Скај њуз“.

На брифинг на 9 март, Светската здравствена организација соопшти дека сојот бил откриен и во Холандија и Данска. Потврдени се и два случаи во САД.

Научниците нагласуваат дека денес луѓето имаат значителен имунитет на двата вида и дека нема причина да се мисли дека тоа ќе претставува дополнителна закана за вакцините.

Share
Scroll to Top