Британската влада денеска ги објави плановите за воведување кривични казни од три месеци затвор плус 1.000 фунти парични казни за луѓето кои се качуваат на националните споменици.
Соопштението доаѓа по антиизраелските демонстрации во Лондон.
Британскиот министер за внатрешни работи Џејмс Клеверли рече дека инцидентите на неодамнешните протести биле предизвикани од „мало малцинство посветено на повредување и навредување на оние кои ја платиле крајната цена за слободата“, пренесува Ројтерс.
„Мирниот протест е основно право во нашата земја, но искачувањето на нашите споменици е навреда што не може да се дозволи“, рече Клеверли.
Воведувањето на кривична одговорност за такви дела ќе биде дел од планот за зајакнување на полициските овластувања во сузбивање на немирите, наведе владата.
Демонстрации против израелското бомбардирање на Појасот Газа неколкупати се одржуваат во Лондон и во други европски градови.
Текстот По антиизраелските демонстрации, Лондон најави казни за качување по споменици: три месеци затвор и 1.000 фунти е превземен од МАКФАКС.