По предупредувањето од Бајден, Кина испраќа помош за Украина

пред 3 години

Кинеското Министерство за надворешни работи соопшти дека нивниот Црвен крст ќе испрати дополнителни 10 милиони јуани (околу 1,4 милиони евра) хуманитарна помош за Украина.

Одлуката доаѓа по предупредувањето од американскиот претседател Џо Бајден за „последиците“ од каква било помош што Кина може да и ја понуди на Русија при инвазијата на Украина.

Тоа би можело да го принуди кинескиот претседател да избере помеѓу долгогодишни профитабилни трговски односи со Западот и растечкото стратешко партнерство со Москва, пишува Sky News.

Бајден одржа речиси двочасовен видео-повик со Џинпинг во петокот, а Белата куќа потврди дека санкциите против Кина се опција.