Првични резултати од изборите во Косово – победа на Самоопределување на Албин Курти

пред 4 години

Движењето Самоопределување на Албин Курти победи на предвремените парламентарни избори во Косово со 53 проценти од гласовите, а Демократската партија на Косово (ЛДК) е втора со 20 проценти од гласовите, според прелиминарните резултати објавени од приштинските медиуми.

Според овие резултати, Самоопределување може да освои 58 од 120 места во парламентот.

„Косово денес, како независна држава, се враќа кај својот народ како носител на суверенитетот“, рече Курти коментирајќи ги прелиминарните резултати.

Сојузот за иднината на Косово на Рамуш Харадинај ја доби довербата на околу 7,2 проценти од гласачите.

Избирачките места во Косово беа затворени во 19 часот, а Централната изборна комисија соопшти дека на гласање излегле 46,7 проценти од регистрираните 1.794.862 гласачи.

Според прелиминарните податоци, најголема излезност во областите со мнозинско српско население е забележана на северот на Косово, каде одзивот бил скоро 70 проценти, објави РТС.

Share
Scroll to Top