Прв сомнителен случај за новиот сој на коронавирус – омикрон е регистриран во Црна Гора, јавија денеска подгоричките медиуми.
„ Деталниот епидемиолошки надзор на патниците во меѓународниот сообраќај, кои доаѓаат од африканските земји каде што е откриен новиот вид на САРС-КоВ-2, омикрон, од посебно јавно здравствено значење, утврди сомнеж за овој вид кај едно семејство во Црна Гора“ соопшти Институтот за јавно здравје на Црна Гора.
Се додава дека дополнителните микробиолошки тестови во Лабораторијата за молекуларна дијагностика на тој Институт, користејќи помошна изведба на ПЦР дијагностика, што е своевидна метода на претскрининг, дополнително го поттикнале сомнежот за омикрон.
„ По добиената информација дека црногорски државјанин патувал со авион на релација Јоханесбург (Јужна Африка) – Франкфурт (Германија) на лет со кој исто така патувало и лице со потврден омикрон, спроведена е фетална епидемиолошка студија, која утврди дека лицето не било вакцинирано против САРС-КоВ-2“.
Со решение на санитарниот инспектор тоа лице и неговото семејство се ставени во изолација.
Сите членови на семејството се во добра општа состојба, со благи симптоми и нивната здравствена состојба се следи, се вели во соопштението.
Во понатамошниот епидемиолошки надзор, како што велат, истражени се сите контакти на ова лице и ставени во изолација, а примероците под сомнение детално ќе се анализираат со секвенционирање, чии конечни резултати ќе траат 10 дена согласно стандардните процедури.