Приведен главен уредник на белоруски портал

пред 4 години

Главниот уредник на порталот на белорускиот хроднo.лајф (hrodno.life), Алексеј Шота е приведен во градот Гродно, соопшти денеска Здружението на белоруски новинари.

„ Шота беше уапсен на Гродно, а полицијата го уапси во близина на неговиот дом“, се вели во соопштението на Здружението, пренесено од ТАС С.

Во соопштението се наведува и дека „припадниците на законот утврдиле дека страницата hrodno.life објавила информации кои според белорускиот закон се третираат како екстремистички“.

Се додава дека Шота, како и споменатата страница, веќе биле казнети за истиот прекршок и морале да платат парична казна, пренесува ТАС С.

Шота претходно работеше за белорускиот портал tut.by.

Покрај него, приведени се и голем број вработени од неговата страница, но не е дадена причина за апсењето.

Во март, судот во Гродно го прогласи Шота за виновен за наводно ширење екстремистички материјал, за што тој плати парична казна.

Share
Scroll to Top