Директорот на кинескиот конгломерат „ХНА груп“, Чен Фенг, е уапсен затоа што е осомничен за голем број криминални дела, се вели во денешното соопштение на официјалната страница на оваа компанија „WeThat“, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата го приведе и извршниот директор на групата ХНА, Тан Ксијангдонг, бидејќи тој исто така е осомничен за криминално дело.
Групата соопшти дека работата на банкротот и преструктуирањето напредува бавно.
Групацијата ХНА е кинески конгломерат со седиште во градот Хаику, и е основана во 2000 година. Вклучена е во голем број бизниси, вклучувајќи авијација, недвижен имот, финансиски услуги, туризам, логистика и некои други индустрии.
Фенг на листата на „Форбс“ од 2017 година, тежеше 1,7 милијарди долари, а во некои извештаи на светските медиуми од минатата година, се наведува дека неговото богатство достигнало до 1,9 милијарди долари.