Принцот Вилијам се подготвува да го преземе тронот

Принцот Вилијам се подготвува да го преземе тронот

пред 11 часа

Лекувањето на британскиот крал Чарлс III од рак се покажа како многу покомплицирано отколку што јавноста претпоставуваше, објавува RadarOnline. Како што е наведено во написите, поради влошената здравствена состојба на монархот, принцот Вилијам веќе презеде голем дел од кралските должности и сè повеќе влегува во улогата на иден владетел.

На кралот Чарлс III му беше дијагностицирана малигна болест во февруари 2024 година, по што започна интензивно лекување. Иако неговата состојба се влоши во последните месеци, извори за медиумот од Бакингемската палата наведуваат дека монархот одбива целосно да се повлече.

– Тој е исцрпен, но не запира. Инсистира да ги прегледува своите црвени папки секое утро и да остане вклучен во сите владини работи. Верува дека служењето на земјата е негов повик и ќе продолжи сè додека може – вели еден од кралските асистенти.

Вилијам презема клучни одговорности
Како што здравјето на кралот Чарлс се влошуваше, принцот Вилијам почна сè повеќе да се вклучува во управувањето со кралските работи. Според британските медиуми, тој одигра значајна улога во одлуката да се лиши принцот Ендру од сите официјални титули поради аферата поврзана со Џефри Епштајн.

На крајот на март, Чарлс III беше хоспитализиран поради несакани ефекти од терапијата, што доведе до откажување на голем број официјални ангажмани и дополнително го зголеми товарот врз принцот Вилијам.

– Тие тивко го подготвуваат Вилијам за брза транзиција. Илузијата за совршено здравје се распаѓа, а јавноста сè повеќе ја гледа реалноста зад круната – изјави извор близок до кралското семејство.

„Најтешката година во мојот живот“

Идниот монарх, кој истовремено се грижи за своето семејство и за сè поголем број службени должности, призна дека се соочува со голем притисок.

– Би рекол дека 2024 година беше најтешката година во мојот живот – рече принцот Вилијам во разговор со актерот Јуџин Леви за списанието „The Reluctant Traveler“.

Британската јавност со загриженост го следи развојот на ситуацијата во Бакингемската палата, додека сè повеќе аналитичари укажуваат дека Обединетото Кралство би можело да влезе во период на порано менување на тронот од очекуваното.

Фото: принтскрин

Текстот Принцот Вилијам се подготвува да го преземе тронот е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top