Принцот Ендрју и жената која го обвини за сексуална злоупотреба постигнаа спогодба

пред 3 години

Принцот Ендрју (61) и Вирџинија Џуфре (38) постигнаа спогодба во однос на нејзината тужба за сексуална злоупотреба која беше поднесена во САД.

Износот на компензацијата нема да биде објавен, а принцот планира да направи значајна донација за добротворната организација Вирџинија Џуфре за поддршка на жртвите.

Судските документи наведуваат дека „Принцот Ендрју никогаш немал намера да ја оцрни Џуфре во јавноста и дека прифаќа дека таа страдала и како жртва на злоупотреба и како жртва на неправедна јавна критика“.

„Познато е дека Џефри Епстајн малтретирал безброј млади девојки низ текот на годините. Принцот Ендрју жали за неговата поврзаност со Епстајн и ја почитува храброста на Џуфре и другите жртви. Вети дека ќе го покаже своето жалење поради поврзаноста со Епстајн, поддржувајќи ја борбата против сексуална трговија и овозможувајќи поддршка за жртвите“, стои во судските записи, а пренесува „Скај њуз“.

Кон средината на јануари американскиот суд ја отфрли жалбата на принцот Ендру и против него остана активно обвинението за сексуална злоупотреба на малолетничка.

Беше тужен од Вирџинија Џуфре, која тврдеше дека принцот сексуално ја злоставувал кога имала 17 години. Во тужбата таа изјавила дека покојниот Џефри Епстајн тргувал со нејзиното тело и ја принудувал на секс со неговите пријатели, меѓу кои имало и принц.

Дополнително се тврди дека Ендрју ја злоставувал и во куќата на Епстајн на Менхетен и на неговиот приватен остров на американските Девствени Острови. Џуфре додава дека принцот Ендру бил свесен дека во тоа време била малолетна, пренесе Си-ен-ен.

Во жалбата адвокатите на принцот тврделе дека тужбата на Џуфре ги прекршила условите на спогодбата во која Епстајн ѝ платил 500.000 долари за да го откаже случајот против него и другите инволвирани лица. Но, во таа спогодна никаде експлицитно не се споменувало името на принцот.

Share
Scroll to Top