Протести против убиства и насилство врз жените во Мексико

пред 3 години

Жените во Мексико излегоа на протест против убиствата на жени, кои во последно време зачестија во таа земја, јавува Анадолија.

Женските здруженија организираа протести во Мексико Сити и вториот по големина град Монтереј, повикувајќи ги официјалните лица да се правдаат за насилството.

Групите се собраа во најпрометниот дел на Мексико Сити, каде што го кренаа својот глас против убиствата на жени и насилството.

Тие, исто така, го осудија убиството на Дебанахи Ескобар (18), чие тело беше пронајдено на 21 април на северот на земјата и побараа одговорните да бидат кривично гонети.

Само во државата Нуево Леон од почетокот на годината се убиени најмалку 30 жени.

Ескобар исчезнала на 9 април кога излегла од такси, а телото било пронајдено на патот во државата Нуево.

Мексико е земја со најголема стапка на убиства на жени во Латинска Америка.

Share
Scroll to Top