Путин го откажа нападот на индустриската зона во Мариупол

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин нападот на индустриската зона во Мариупол го нарече несоодветен и нареди да се откаже.

„ Сметам дека е несоодветна предложената окупација на индустриската зона. Наредувам откажување. Мора да размислуваме за спасување на животите на нашите војници и офицери“, рече Путин на средбата со министерот за одбрана Сергеј Шојгу.

Рускиот министер го информираше Путин за успехот на руската армија во Мариупол. Тој рече дека руските војници го зазеле градот.

Шојгу го нарече Мариупол престолнина на националистичкиот „Азов“, истакна дека градот е ослободен, но дека милитантите остануваат во Азовстал.

Средбата се одржа во Кремљ.

Share
Scroll to Top