Путин даде рок до 15 март да се анализира ефикасноста на руските вакцини против новите соеви на вирусот

пред 4 години

Рускиот претседател Владимир Путин денеска и наложи на Владата да ја анализира ефикасноста на руските вакцини против новите сорти на коронавирусот.

Во согласност со упатствата дадени од претседателот, објавени на веб-страницата на Кремљ, руската Влада мора да обезбеди анализа и евалуација на ефективноста на домашните вакцини во спречувањето на инфекција со коронавирус во однос на новите соеви и, доколку е потребно, да спроведе дополнително истражување на вакцините и да ги внесе измените во нивното досие за регистрација, пренесе агенцијата „Тасс“.

Путин очекува извештај за тоа прашање пред 15 март, а потоа и за половина година.

Share
Scroll to Top