Путин му честиташе на Макрон за победата

пред 2 години

Рускиот претседател Владимир Путин упати честитка до Емануел Макрон по повод неговата победа во вториот круг од претседателските избори, кои вчера се одржаа во Франција.

– Искрено ви посакувам успех во државните активности, како и добро здравје и благосостојба – се наведува во телеграмата со честитки.

Да потсетиме, Макрон ја победи Марин Ле Пен во вториот круг од претседателските избори во Франција и освои втор мандат.

Share
Scroll to Top