Рускиот претседател Владимир Путин доби покана да присуствува на отворањето на Светското првенство во џудо во Будимпешта, кое се одржува од 6 до 13 јуни, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Тој рече дека одлуката дали Путин ќе патува за Будимпешта сè уште не е донесена.
„Таква покана навистина пристигна. Сите веќе знаат како Путин се однесува кон овој спорт. Сепак, сè уште не е донесена одлука дали тој ќе патува во унгарската престолнина”, рече Песков, пренесува „Спутник“.
Претходно, некои европски медиуми објавија дека Путин има намера да учествува на церемонијата на отворање на Светското првенство во џудо во Будимпешта.