Рускиот претседател Владимир Путин му рече на својот белоруски колега Александар Лукашенко дека проширувањето на инфраструктурата на НАТО во Украина за Москва ќе значи дека е помината црвената линија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
„Претседателот Путин и претходно велеше дека тоа е крајно црвена линија“, порача Песков, а пренесува ТАСС.
Лукашенко претходно во текот на денот посочи дека цел корпус странски војници се распоредени во Полска на границата со Белорусија.
„Јасно е дека каде и да распоредите војници во Полска, тие нема да бидат насочени против Германија. Тоа се странски војници, пред сè, американски“, изјавил белорускиот претседател, а пренесува белоруската новинска агенција „Белта“.