Едно лице загинало, а петмина се повредени во ракетен напад на американската воена база во северен Ирак. Американската коалиција во Ирак соопшти дека станува збор за најтежок напад, кој се случил последнава година.
Портпаролот на коалицијата сооопшти дека дошло до напад на силите во курдскиот град Ербил. Курдските безбедносни сили соопштија дека најмалку три ракети го погодиле подрачјето недалеку од меѓународниот аеродром во Ербил. Одговорноста за нападот ја презеде групата на Сараја Авлаја ал-Дам.