Најмалку осум цивили загинаа откако денеска беа истрелани 23 ракетни проектили во најмалку шест области во Кабул, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Триесет и три лица се повредени во нападите.
Ракетите биле истрелани од два помали камиони паркирани во две населби, соопшти Министерството.
Меѓу целите беше познатиот плоштад Седарат, каде се наоѓа канцеларијата на авганистанскиот потпретседател Амрулах Салех.
„Исламска држава“ ја презеде одговорноста за нападот.