Речиси 300 приведени на белоруските протести на 1 ноември

пред 3 години

Полицијата приведе околу 300 лица на неодобрените протести во Минск на 1 ноември, изјави портпаролот на белоруското Министерство за внатрешни работи, Олга Чемоданова, на својот канал на Телеграм, пренесува ТАСС.

„Речиси 300 лица беа приведени за кршење на законот за масовни настани во Минск и во регионот на Минск, а против нив беа изготвени административни протоколи“, рече портпаролот.

Приведените ѝ дале активен отпор на полицијата, истакна таа.

„Притоа демонстрантите користле и импровизирана експлозивна направа. Полицијата постојано предупредуваше дека сите незаконски чекори се неприфатливи и презема мерки за спречување на злосторствата,“ нагласи таа.

Полицајците користеле шок бомби и гумени куршуми. Почната е и истрага за активен отпор кон полицијата и за блокирање на сообраќајот.

Вкупно 13 протести беа одржани низ целата земја. Во меѓувреме, портпаролката истакна дека протестите во другите региони на републиката не се прошириле значително и бројот на учесници во основа не надминувал 10.

Белорусија ги одржа своите претседателски избори на 9 август. Според податоците на Централната изборна комисија, актуелниот претседател Александар Лукашенко доби 80,1 отсто од гласовите. Светлана Тихановскаја, која освои 10,12 отсто, одби да ги признае резултатите од изборите и ја напушти Белорусија.

Протести избувнаа во главниот град на земјата Минск и во неколку други градови по гласањето за претседател, што доведе до судири меѓу демонстрантите и полицијата. Крајниот рок за „Ултиматумот на народот“ од опозицијата истече во неделата на 25 октомври, а беше упатен до претседателот Александар Лукашенко од страна на сега веќе прогонетата поранешна претседателска кандидатка Светлана Тихановскаја.

Барањата вклучуваа оставка на актуелниот претседател, ослободување политички затвореници и крај на насилството. Опозицијата ги повика работниците во индустриските претпријатија да почнат штрајк ако овие барања не бидат исполнети.

Share
Scroll to Top