Руската војска во регионот Харков го користи својот најнов повеќекратен ракетен систем, оружје што може да се опише како „огромен пламен фрлач“.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Претставник на руската безбедност изјави за државната новинска агенција Тасс дека Русија го истрелала својот најнов повеќекратен ракетен систем врз украински цели во регионот Харков.
Украина ги потисна руските сили од предградијата на Харков, друг град што во неделата го посети претседателот Володимир Зеленски.
Претходно Русија потврди дека користела ракети („Жешко сонце“) против цели во Донбас, каде што украинските сили се под постојано, интензивно бомбардирање.
ТОС-1 е исто така термобаричен, со дострел до 10 километри. Производителот на TOС-2 Rostec вели дека TOС-2 има поголем дострел, подобро автоматско таргетирање и поголема разновидност. Ракетите ТОС-2 се носат на оклопен камион, а не на тенковска шасија, пренесуваат маедиумите.