Руската амбасада во Париз објави дека доставила докази до француското Министерство за надворешни работи за вршени злосторствата против човештвото и воени злосторства на украинските сили во Донбас.
„Руската амбасада во Париз му предаде на француското Министерство за надворешни работи фотографски докази за воени злосторства и злосторства против човештвото во Донбас, за кои е одговорно раководството на Украина“, соопшти руската дипломатска мисија.
Овие материјали се испратени и до најголемите медиуми и организации за човекови права, се додава.
Претходно Рускиот истражен комитет објави дека има докази за вмешаност на поранешни и сегашни воени функционери на Украина во воени злосторства во Донбас од 2014 година.