Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран

Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран

пред 2 недели

Русија повика на воздржаност по информациите за напад на Израел врз Иран.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави денеска за новинарите дека Русија ги проучува деталите за нападот и дека ќе го коментира кога ќе се разјасни неговата природа.

„Во секој случај, без разлика на сѐ, продолжуваме да се залагаме за воздржаност од двете страни за да нема дејства што би предизвикале натамошна ескалација на тензиите во регионот“, рече Песков.

Русија и Иран имаат блиско партнерство. За време на инвазијата на Украина, Москва користи беспилотни летала „Шахед“ од иранско производство.

Текстот Русија повика на воздржаност помеѓу Израел и Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top