Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференција изјави дека „никој не планира да ја окупира Украина“, пренесе руската новинска агенција Интерфакс.
„Сакаме да го демилитаризираме и да ги ослободиме од угнетувањето“, рече Лавров.
На прашање дали Русија сака да ја собори владата во демократска држава, Лавров имплицираше дека Украина не може да се нарече демократска.
Тој кажа дека Русија се уште не ја признава украинската влада како демократска во моментот.
Лавров рече дека украинскиот претседател Володимир Зеленски лажел кога рекол дека е подготвен да разговара за неутралниот статус на Украина.
Лавров, исто така, вели дека Русија ќе изврши демилитаризација на Украина, но не гледа можност да ја признае сегашната украинска влада како демократска.
Тој нагласи дека Москва не сака Украина да биде управувана од „неонацисти“. Додаде и дека Русија е подготвена да разговара со Украина доколку украинската армија го положи оружјето.
„Претседателот на Руската Федерација одлучи да спроведе специјална воена операција за демилитаризација и денацификација на Украина за да можат Украинците, ослободени од угнетување, слободно да одлучуваат за својата иднина“, изјави Лавров на прес-конференција во Москва.