Главниот руски преговарач и советник на Путин, Владимир Медински во изјава за руската новинска агенција Тасс за денешните разговори, кои претходно ги нарече конструктивни, исто така рече дека деескалацијата околу главниот град на Украина – Киев и северниот град Чернихив не значи прекин на огнот.
Тој исто така рече дека „има уште долг пат да се помине пред да се постигне заемно прифатлив договор со Украина“.
Руското министерство соопшти дека по денешните преговори, Русија „радикално ќе ја намали воената активност околу Киев и Чернихив“ со цел да се постигне мировен договор со Украина.