САД се враќаат во Советот за човекови права на ОН

пред 5 години

САД објавија дека повторно ќе се приклучат во Советот за човекови права на Обединетите нации, како набљудувач.

Тоа беше најавено од страна на вршителот на должност во американската мисија при ОН во Женева, на крајот на денешната седница на Советот.

„Задоволство ми е да ве известам дека секретарот (Ентони) Блинкен ќе објави дека Соединетите држави повторно ќе се приклучат на Советот за човекови права на Обединетите нации како набудувач. Ние го правиме тоа знаејќи дека најефикасен начин за реформа и подобрување на Советот е да се вклучиме во неговата работа“, рече тој.

Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп ги повлече САД од Советот за човекови права во 2018 година.

Share
Scroll to Top