Сакале да побегнат од торнадото, но шефовите им се заканиле со отказ – осум загинале и осум се исчезнати

пред 3 години

Додека катастрофалното торнадо се приближувало до Мејфилд во американската сојузна држава Кентаки, вработените во фабриката за свеќи слушнале предупредувачки сирени и сакале да ја напуштат зградата.

Сепак, како што изјавија четворица работници за „Ен-Би-Си њуз“, надзорниците на фабриката им се заканиле дека ќе ги отпуштат ако предвреме заминат од работа.

Работниците рекле дека 15 вработени со часови ги молеле газдите да ги пуштат дома, за да се извлечат од претстојното торнадо, но нивните барања биле одбиени. Стравувајќи за безбедноста, поединци од фабриката ја напуштиле работата, без разлика на заканите. Најмалку осум лица загинаа во фабриката која беше срамнета со земја. Според мештаните, фотографиите од местото на несреќата станале симбол на невиденото уништување на торнадото.

Гувернерот на Кентаки, Енди Башир изјави дека 74 лица во таа држава се официјално загинати.

Вработената Мекајла Емери (21) од болничкиот кревет изјавила дека работниците прво побарале да си заминат веднаш откако пред фабриката околу 17.30 часот по локално време, се огласиле сирените за торнадо. Вработените се собрале во бањите и ходниците, но вистинската опасност не стигна неколку часа.

Откако работниците помислиле дека непосредната опасност поминала, неколкумина ги замолиле да си одат дома.

„ Луѓето прашуваа дали можат да си одат дома“, рекла Емери, која избрала да остане на работа и да заработи дополнителни пари.

Компанијата ги демантираше наводите на работниците.

„ Тоа воопшто не е точно. Имаме правила од почетокот на пандемијата. Вработените можат да си заминат кога сакаат и да се вратат следниот ден“, изјави портпаролот на компанијата, Боб Фергусон.

Share
Scroll to Top