Сепаратисти: Окупиравме важно пристаниште во Мариупол

пред 4 години

Лидерот на проруските сепаратисти во Доњецк изјави дека неговите сили целосно го окупирале пристаништето на стратешки важниот град Мариупол, во југоисточна Украина, кој е под опсада повеќе од еден месец.

„Што се однесува до пристаништето во Мариупол, тоа веќе е под наша контрола“, изјави Денис Пушилин.

Пушилин претходно изјави дека неговите сили ќе ги засилат напорите да го окупираат целиот украински регион Доњецк.

Share
Scroll to Top